SETimes
Published on SETimes (http://www.setimes.com)
http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/roundup/2008/05/16/roundup-bs-03

Бизнис: Британско претпријатие инвестира 55 милиони евра во Македонија

16/05/2008

Македонија доби инвестиција од 55 милиони евра од „Џонсон Мети“, британско претпријатие за авто-делови. Исто така во вестите оваа недела: делегација на црногорското Министерство за развој ја посети Франција, и во Тирана се одржа бугарско-албански комерцијален форум.
photo

Британското претпријатие „Џонсон Мети“ во средата (14-ти мај) го претстави својот проект за фабрика за автомобилски делови во индустриската зона Бунарџик. [Toмислав Георгиев]

Британското претпријатие „Џонсон Мети“ во средата (14-ти мај) го претстави својот инвестициски проект од 55 милиони евра во Maкедонијa. Фабриката за авто-делови ќе отвори 250 нови работни места, а изградбата се очекува да започне за две до три недели. Фабриката се очекува да биде отворена за една година.

***

Делегација од црногорското Министерство за економски развој, предводена од министерот Бранимир Гвозденовиќ, во средата (14-ти мај) ја започна дводневната посета на Франција. Делегацијата се состана со државниот секретар Ан-Мари Идрак, и присуствуваше на форумот посветен на инвестициските можности во Црна Гoра, каде што на француските бизнисмени им беше претставена бизнис климата и инвестициските можностви во Црна Гора.

***

Во Тирана се одржа форум за развојот на стопанските врски помеѓу Бугаријa и Aлбанијa в среда (14-ти мај). Форумот, инициран од Бугарската амбасада во Тирана, Албанската стопанска и индустриска комора и бугарската Прва инвестициска банка, се фокусираше на трговските можности помеѓу двете земји.

***

ММФ ја предупредува албанската влада за зголемувањето на јавниот долг и повикува на подобрување на бизнис климата во земјата. Според канцеларијата на ММФ во Албанија, владата треба да го следи зголемувањето на надворешниот долг и да создаде лесно спроведлив фискален систем.

***

Tурција во саботата (10-ти мај) ја заврши својата стенд-бај програма на ММФ, откако одборот на директори на ММФ го заврши својот финален преглед на стенд-бај заемот на Турција од 10 милијари американски долари, кој се протегаше во период од три години. Завршувањето на прегледот й овозможи на Турција веднаш да го повлече преостанатиот заем од аранжманот, од околу 3,65 милијари американски долари.

***

Светската банка ја одобри траншата од 100 милиони евра според Вториот програмски заем за прилагодување, откако хрватските власти ги комплетираа барањата. Владата го испрати предлогот за заеднички број за регистрирање претпријатија до парламентот. Новиот закон ќе ги спои одделниот број на претпријатијатието и бројот на даночната регистрација во единствен идентификационен број.

(Разни извори – 09/05/08 - 16/05/08)