SETimes
Published on SETimes (http://www.setimes.com)
http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/roundup/2008/04/07/roundup-st-03

Наука и технологија: Косово нема да добие ИТУ префикс во 2008 година

07/04/2008

И покрај независноста, Косово и понатаму ќе го користи српскиот повикувачки број сега засега. Исто така оваа недела: истанбулската полиција е опремена со звучни пиштоли и научниците предупредуваат дека Грција се претвора во пустина.
photo

Сега-засега +381 е сé уште повикувачкиот број за телефонирање во Косово. [Getty Images]

Косовo нема да добие свој сопствен повикувачки број оваа година, објави директорот на Регулаторната управа на Косовски телекомуникации, Антон Бериша. Тоа ќе продолжи да го користи српскиот повикувачки број +381, додека Меѓународниот сојуз на телекомуникациите не му издаде нов.

***

Секоја трета жена во Србијa на возраст помеѓу 20 и 82 години има остеопороза, според истражувањето на Белградскиот институт за ревматологија. Според заклучоците, кај 2,4 милиони луѓе во Србија е дијагностицирана остеопороза, вклучително и 1,9 милиони жени. Болеста е во напредна фаза кај 430.000 пациенти.

***

Градската полиција во Истанбул е опремена со специјални звучни пиштоли кои им овозможуваат на властите да го спроведуваат законот без да испалат ниту еден единствен куршум. Ѕвучниот бран што го генерира ова оружје може да достигне 150 децибали -- нешто помалку од максималното ниво на ѕвук што човечкото уво може да го поднесе.

***

Научниците од Универзитетот Аристотел во Солун и италинанскиот Универзитет Базиликата предупредија дека јужна Грција и нејзината северна префектура Килкис се соочуваат со ризик да се претворат во пустина, поради климатските промени. Експертите, кои учествуваа на научната конференција во Солун на 31-ви март, повикаа на стратешки план за управување со почви и вода и нови практики на одгледување растенија.

***

Tурција гради опсерватории на дното од Морето Мармора. Тие ќе бидат ситуирани помеѓу 400 и 1.200 метри под нивото на морето и ќе овозможат подобри предвидувања на земјотресите и ураганите. Астронаутската опсерваторија на универзитетот Богазичи, истанбилскиот Институт за истражување на земјотресите и претпријатието за телекомуникации Турк телеком соработуваат на овој проект.

***

Aлбанијa е една од неколкуте земји во Европа без национални податоци во науката и технологијата, објави министерот за образование Генц Поло. Тој го изјави ова на семинарот за албанската стратегија на научното истражување. Поло рече дека развојот на среднорочната стратегија во оваа област претставува главен приоритет.

(Разни извори – 31/03/08-07/04/08)