SETimes
Published on SETimes (http://www.setimes.com)
http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/newsbriefs/2008/07/17/nb-06

Прокурдска партија предложи изборен праг од 1 отсто во Турција

17/07/2008

АНКАРА, Турција -- Прокурдска Партија за демократско општество во средата (16-ти јули) предложи намалување на изборниот праг од 10 отсто. Ако биде одобрен, законот ќе им овозможи на партиите кои освоиле најмалку еден отсто на општите избори да добијат пари од владата. Критичарите велат дека ограничувањето ја блокира правичната застапеност во парламентот. Истото најнегативно се одразува на прокурдските партии. (НТВ - 17/07/08, Хуријет, СНН Турк, новинска агенција Анадолу - 16/07/08)