SETimes
Published on SETimes (http://www.setimes.com)
http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/newsbriefs/2008/07/17/nb-02

ЕУ ќе отвори две нови поглавја од преговорите со Турција

17/07/2008

БРИСЕЛ, Белгија -- ЕУ ќе отвори две нови поглавја од преговорите за пристап со Турција, рече во средата (16-ти јули) францускиот министер за надворешни работи, Бернард Кушнер, чија земја моментно го држи шестмесечното претседавање со ЕУ. ЕУ нема да може да прими нови членки додека не го усвои Лисабонскиот договор, кој ирските гласачи го отфрлија во јуни, додаде Кушнер. Турција стана земја-кандидатка за ЕУ во декември 1999 година, и разговорите за пристап започнаа во октомври 2005 година. Во 2006 година ЕУ ги замрзна разговорите со Анкара за осум од 35 поглавја, велејќи дека Турција не ги исполнила своите обврски од дополнителниот протокол на договорот за пристап.

Во меѓувреме, Францускиот сенат во средата дискутираше за предлогот за амандман на уставот, со кој ќе се бара референдум за пристапувањето на новите членки во ЕУ, објавија медиумите. Сепак, законот дозволува претседателот да одлучи дали да побара парламентарно гласање, наместо референдум, ако три-петтини од пратениците во Сенатот и Долниот дом се согласат. (Заман, НТВ - 17/07/08, Хуријет, Тркиш прес, Репортер - 16/07/08)