SETimes
Published on SETimes (http://www.setimes.com)
http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/newsbriefs/2008/07/16/nb-05

ММФ се согласи да ја разгледа кандидатурата за членство на Косово

16/07/2008

ВАШИНГТОН, САД -- ММФ во вторникот (15-ти јули) објави дека ќе ја разгледа кандидатурата за членство на Косово „кога ќе дојде време“, признавајќи ја, всушност, независноста на поранешната српска покраина. Косово најави дека сака да се приклучи на ММФ и Светката банка пред пет дена, кога премиерот Хашим Тачи изрази надеж дека кандидатурата на земјата ќе биде брзо одобрена. Само независните држави имаат право да станат членки.

Во другите вести од вторникот, косовскиот претседател Фатмир Сејдиу се состана со шефот на УНМИК Ламберто Заниер во Приштина, за да ги разгледаат насоките за официјалните посети на Зениер во Србија. „Нема да биде прифатена ниту една тема или содржина што излегува надвор од рамките на она за што се известени косовските власти или на што тие се согласиле. Улогата на олеснувачот во нашите односи како две суверени држави е многу важна“, рече Сејдиу. (Зери, Коха Диторе, Експрес, Епока е ре, ББС - 16/07/08; соопштение за медиумите на ММФ, Ројтерс, Танјуг, Б92, РИА Новости, Бета - 15/07/08)