SETimes
Published on SETimes (http://www.setimes.com)
http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/newsbriefs/2008/07/16/nb-03

Додик вели дека РС го прекина пренесувањето на надлежностите на државните институции

16/07/2008

САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Премиерот на Република Српска (РС) Милорад Додик во вторникот (15-ти јули) рече дека РС прекина со предавањето на надлежностите на државните институции пред некое време и можно е да ги преиспита некои од овие напори. Додик објасни дека РС пренесе околу 50 ингеренции на државните институции, но само под притисок на меѓународната заедница.

Во моментов БиХ е далеку од постигнување консензус за уставните измени, вели тој, додавајќи дека се сомнева оти разговорите за овие прашања ќе бидат успешни. Тие треба да започнат по локалните избори на 5-ти октомври. ЕУ и меѓународната заедница постојано повикуваат на амандмани на актуелната уставна рамка, велејќи дека истата го компликува процесот на донесување одлуки и би можела да ги попречи реформите поврзани со ЕУ, со што ќе го забави процесот на интеграција во ЕУ. (РТРС, СРНА, Дневни аваз, Фена - 15/07/08; РТРС, СРНA - 14/07/08)