SETimes
Published on SETimes (http://www.setimes.com)
http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/newsbriefs/2008/07/16/nb-02

Грција ја обвини Македонија дека ги поткопува разговорите за спорот околу името

16/07/2008

AТИНА, Грција -- Министерката за надворешни работи, Дора Бакојани, во вторникот (15-ти јули) го обвини македонскиот премиер Никола Груевски дека се обидува да ги поткопа разговорите чија цел е решавање на долготрајниот спор околу името помеѓу двете земји. Бакојани одговараше на писмото што Груевски го испрати во понеделникот, а во кое бара грчкиот премиер Костас Караманлис да го признае македонското малцинство во Грција. Бакојани го предупреди Скопје дека „таквиот екстремен национализам сее ветар, а жнее бура“. Портпаролот на грчката влада, Теодорос Русопулос, исто така, го критикуваше овој потег и рече дека наскоро ќе следи официјалниот одговор на Атина на писмото на Груевски. (AНА-МПА, Катимерини, Нафтемборики, То Вима, Макфакс, ББС - 15/07/08)