SETimes
Published on SETimes (http://www.setimes.com)
http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/newsbriefs/2008/07/15/nb-01

Предлогот за реструктуирањето на УНМИК испратен до Њујорк

15/07/2008

ПРИШТИНА, Косово -- Шефот на УНМИК, Ламберто Заниер, испрати предлог во врска со реструктуирањето на УНМИК и намалувањето на надлежностите до седиштето на ОН во Њујорк, кој треба да биде разгледан од секретаријатот на ОН. „Сега чекаме одговор од ОН за финализирање на предлогот“, објави портпаролот на УНМИК Расел Гики во понеделникот (14-ти јули). Реструктуирањето ќе го расчисти патот за новата мисија на ЕУ во Косово, ЕУЛЕКС.

Исто така во понеделникот, Заниер се состана со косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, кој рече дека ја цени улогата што ОН ја одигра досега во Косово и рече дека сака продолжување на соработката во периодот на транзиција.

Во другите вести од понеделникот, министерот за внатрешни работи, Зенун Пајазити објави дека косовските граѓани ќе почнат да добиваат нови пасоши следната недела. Ќе има четири видови -- дипломатски, обични и официјални пасоши, како и патни документи. Тие ќе ги заменат патните документи на УНМИК, кои се користеа од 1999 година. (Eкспрес, Лајм, Коха Диторе, РТК, Зери - 15/07/08)