13/07/2008
БУКУРЕШТ, Романија -- Социјалдемократската партија и Конзервативната партија во петокот (11-ти јули) формираа коалиција со која ќе учествуваат на парламентарните избори закажани за ноември. Коалицијата, наречена Национален сојуз, ја претстави владината програма за периодот 2008-2012 година. Документот во десет поглавја се фокусира на плановите за решавање на социјалните проблеми и подобрување на имиџот на Романија во странство. Истиот предвидува повисоки плати и зголемување на купувачката моќ на граѓаните, го намалува данокот за додадена вредност за храната, предвидува реформи во образованието, здравството и правдата, како и инвестиции во инфраструктурата и субвенции во земјоделството. (Meдиафакс, МИA - 11/07/08)