10/07/2008
БУКУРЕШТ, Романија -- Романија ќе воведе нова политика за транзитните визи почнувајќи од петок (11-ти јули), објави Министерството за надворешни работи. Властите ќе воведат поедноставена правна рамка за странците што ја преминуваат границата на Романија. Државјаните на третите земји ќе можат да ја преминат Романија без транзитни визи во рок од пет дена, ако имаат една од трите видови визи опфатени со Шенген договорот -- униформна виза, виза за долга посета или дозвола за престој. (Медиафакс, Ромпрес - 09/07/08, Aдеварул - 08/07/08)