SETimes
Published on SETimes (http://www.setimes.com)
http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/newsbriefs/2008/07/09/nb-01

Шестмина убиени во вооружена напад на Американскиот конзулат во Истанбул

09/07/2008

АНКАРА, Турција -- Шест лица загинаа во средата (9-ти јули) во вооружениот напад во близина на Американскиот конзулат во Истанбул, во околу 11 часот по локално време. Сведоците велат дека вооружени напаѓачи отвориле оган од нивното возило на полицајците што се наоѓале пред конзулатот. Според градоначалникот на Истанбул, Муамер Гулер, загинале тројца полицајци и тројца од напаѓачите. Еден полицаец е повреден, а сведоците велат дека еден од напаѓачите избегал.

На прес-конференцијата во Анкара, американскиот амбасадор Рос Вилсон го опиша нападот како „очигледен терористички чин“ и рече дека побарал од Турција да ги засили безбедносните мерки. „Нашите земји заеднички ќе се спротивстават на ова“, додаде тој. (AП, СНН Турк, Хуријет, АФП, НТВ, ББС, новинска агенција Анадолу, Блумберг, ДПA - 09/07/08)