03/07/2008
ПОДГОРИЦА, Црна Гора -- Нова анкета објавена во средата (2-ри јули) покажа дека 73 отсто од црногорските граѓани ја поддржуваат кандидатурата на нивната земја за добивање членство во ЕУ, а 51 отсто го поддржуваат влезот во НАТО. Според истражувањето на Центарот за мониторинг, скоро две третини од испитаниците веруваат дека пристапот на НАТО ќе го олесни влезот во ЕУ. Сепак, повеќето луѓе не навеле некоја поконкретна корист за земјата од членството во НАТО. (Вијести - 03/07/08; РТЦГ, Макфакс - 02/07/08)