03/07/2008
ВАШИНГТОН, САД -- Вашингтон е подготвен да обезбеди финансиска поддршка за Косово од 400 милиони американски долари, на донаторската конференција во Брисел на крајот од следната недела, рече во средата (2-ри јули) американскиот помошник државен секретар Даниел Фрид. Средствата ќе бидат доделени во следните четири години. Тој додаде дека САД веруваат оти меѓународната заедница ќе додели преку една милијарда американски долари како помош за најновата држава во Европа. Фрајд, исто така, рече дека Вашингтон е задоволен од напредокот по независноста на Косово, додавајќи дека мирната транзиција и стабилната политичка ситуација ги замолчија оние кои предвидуваа насилство.
Во другите вести од средата, портпаролот на УНМИК Александар Иванко рече дека реструктуирањето на УНМИК прелиминарно треба да заврши до втората половина на октомври. Тој додаде дека значителен број припадници на УНМИК ќе го напуштат Косово дотогаш. (Ројтерс, ВОА, ФоНет, Бета, Б92 - 02/07/08)