SETimes
Published on SETimes (http://www.setimes.com)
http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/newsbriefs/2008/07/02/nb-09

Помалиот сојузник го поддржува предлогот на бугарската владејачка партија за изборни реформи

02/07/2008

СОФИЈА, Бугарија -- Помалиот владин коалициски партнер, Националното движење за стабилност и напредок (НДСВ), во вторникот (1-ви јули) рече дека ги поддржува повеќето идеи предложени од владејачката Бугарска социјалистичка партија (БСП) за измена на изборниот систем. Клучната компонента е тројното зголемување на државните субвенции за политичките партии во обид да се најправи финансирањето на предизборните кампањи потранспарентно. НДСВ, исто така, се согласи дека партиите ќе мора да регистрираат локални организации во најмалку две третини од изборните региони, потег кој би можел буквално да ги елиминира маргиналните партии. Сепак, НДСВ не се изјасна во врска со предлогот за избор на ограничен број пратеници -- евентуално 30 од вкупно 240 -- преку мнозинско гласање. (Сега, Дневник, Труд - 02/07/08)