SETimes
Published on SETimes (http://www.setimes.com)
http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/newsbriefs/2008/07/02/nb-06

Во Скопје се одржува форум за безбедноста на Балканот

02/07/2008

СКОПЈЕ, Македонија -- Регионален самит, насловен како „Безбедноста на Балканот: НАТО по Самитот во Букурешт“ беше отворен во средата (2-ри јули) во Скопје. Учесниците ќе разговараат за заклучоците на самитот на НАТО на почетокот од април и идното проширување на Алијансата, како и за безбедносната ситуација и предизвиците за стабилноста. Македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, министерот за одбрана, Лазар Еленовски, и амбасадорите од Турција, Албанија и Романија ќе присуствуваат на настанот, кој го организира Фондацијата „Конрад Аденауер“ и институтот за демократија „Сосиетас цивилис“. На настанот, исто така, ќе присуствуваат политички аналитичари, предавачи и научници од регионот. Македонија не доби покана за членство во НАТО во април, поради својот долготраен спор околу името со Грција. (MИА, Макфакс, МРТ - 02/07/08)