SETimes
Published on SETimes (http://www.setimes.com)
http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/newsbriefs/2008/06/30/nb-09

Поранешниот австалиски министер за надворешни работи, најверојатно, ќе биде новиот претставник на ОН за Кипар

30/06/2008

КАНБЕРА, Австралија -- Поранешниот министер за надворешни работи, Александар Даунер, наводно треба да биде новиот претставник на ОН во Кипар, објавија австралиските медиуми во понеделникот (30-ти јуни). Ако биде одобрено, тој ќе го замени актуелниот претставник Таје-Брук Зерихаун.

Во другите вести, кипарскиот претседател Деметрис Христифиас и водачот на кипарските Турци, Мехмет Али Талат, во вторник ќе се состанат за да го проценат напредокот во прелиминарните разговори за новата иницијатива за повторно обединување на Кипар. Тие ќе разговараат за голем број чувствителни прашања, како што се суверенитетот, имотот, територијата и безбедноста. (Ројтерс, Бизнис спектатор, АБЦ Онлајн, КНА, АНА-МПА, Филелефтерос, Хуријет, АФП - 30/06/08)