SETimes
Published on SETimes (http://www.setimes.com)
http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/newsbriefs/2008/06/27/nb-06

ЕК ја повика Албанија да го забрза процесот на изборни реформи

27/06/2008

БРИСЕЛ, Белгија -- Европската комисија (ЕК) ја повикува Албанија да ги комплетира реформите во изборниот систем до септември, рече во четвртокот (26-ти јуни) Дирк Ланге, шеф на одделот за Албанија и БиХ во Генералниот директорат за проширување на ЕК, на 18-тиот состанок на Консултативната група ЕК-Албанија во Брисел. „Под изборни реформи ЕК подразбира одобрување на уставните амандмани и завршување на амандманите во Изборниот законик, врз основа на што е можно поширок политички консензус“, се вели во соопштението на албанското Министерство за европска интеграција. Министерката Мајлинда Брегу рече дека Албанија е близу до спроведување на сите услови потребни за изборните и други реформи. (Газета шкиптаре, Коха Јоне, Балканвеб - 27/06/08)