SETimes
Published on SETimes (http://www.setimes.com)
http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/newsbriefs/2008/05/15/nb-07

Грција зафатена од уште еден бран штрајкови

15/05/2008

AТИНА, Грција -- Уште еден бран штрајкови се одржа во Грција во четвртокот (15-ти мај). Организирани од страна на еден од најголемите синдикати во земјата, ГСЕЕ, овој беше против неодамнешните приватизации, вклучително и договорот постигнат од страна на државното претпријатие за телекомуникации, ОТЕ, со германскиот Дојче телеком, како и пензиските реформи и високите потрошувачки цени. ОТЕ и пристаништата престанаа со работа 24 часа. Вработените во националното претпријатие за електростопанство (ДЕИ), националната пошта (ЕЛТА), Олимпик ерлајнс и претпријатието за водостопанство и канализација во Атина, беа затворени пет часа, нешто подолго од штрајкот на вработените во јавниот сектор. Банките, сито така, беа затворени. (ДПA - 15/05/08; AНА-МПА, АП - 14/05/08)