SETimes
Published on SETimes (http://www.setimes.com)
http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/newsbriefs/2008/05/15/nb-04

Додик вели дека Лајчак нема овластување за враќањето на старите девизни заштеди

15/05/2008

САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Високиот претставник Мирослав Лајчак нема овластување на интервенира во прашањето на замрзнатите стари девизни заштеди, рече во средата (14-ти мај) премиерот на Република Српска (РС), Милорад Додик. Ниту, пак, рече тој, Уставниот суд на БиХ има овластување да одлучува за нешто. Наместо тоа, посочи тој, локалните институции мора да го решат проблемот. Претходно оваа недела Лајчак го повика Уставниот суд да ги реши проблемите што произлегуваат од постоењето на два закони -- на различни нивоа на власта -- кои се однесуваат на обештетувањето за старите девизни заштеди. Регулирањето на обештетувањето на девизните заштеди беше првично во единствен, државен домен. Сепак, во јануари оваа година РС усвои свој сопствен закон и воведе одделен систем кој ги крши законите на БиХ, според канцеларијата на Лајчак. (РТРС, СРНА - 14/05/08)