SETimes
Published on SETimes (http://www.setimes.com)
http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/newsbriefs/2008/05/14/nb-06

Хашкиот трибунал привремено ги ослободи Хараќија и Морина

14/05/2008

ХАГ, Холандија -- Хашкиот трибунал за воени злосторства одлучи да го ослободи поранешниот косовски министер за култура, Астрит Хараќија, и неговиот соработник Бајруш Морина до нивното судење. Тие се соочуваат со обвиненија за обид за заплашување на сведоците кои требаше да сведочат на неодамнешното судење на поранешниот премиер Рамуш Харадинај. УНМИК гарантираше дека двајцата ќе се вратат во притвор кога ќе започне судењето. Двајцата се изјаснија дека не се виновни за обвиненијата за непочитување на судот на крајот од април. Ако бидат осудени, тие се соочуваат со казна од седум години затвор, 100.000 евра парична казна или двете.

Во другите вести од вторникот (13-ти мај) властите го пронајдоа телото на 40-годишна припадничка на Косовската полициска служба во еден мотел во Призрен. Некој й пукал четири пати во глава, со нејзиното оружје. Полицијата притвори еден осомничен. (Коха Диторе, Зери - 14/05/08; РТК, Телеграфи - 13/05/08)