Tурција - распоред на настани

15/12/2006

Setimes.com

1952

Турција пристапува во НАТО.

1959

Турција аплицира за асоцијативно членство во Европската економска заедница (ЕЕЗ).

1963

„Анкарскиот договор“ -- официјален договор за сојузот помеѓу Турција и ЕЕЗ е потпишан на 12-ти септември.

1970

Протокол е потпишан во ноември и во него е утврден распоредот за укинување на квотите и тарифите за стоките што се разменуваат помеѓу Турција и ЕЕЗ.

1980

Врските со ЕУ се прекинати по државниот удар во Турција, но се повторно воспоставени по демократските избори три години подоцна.

1987

Турција аплицира за членство во Европската заедница (ЕЗ).

1989

Наведувајќи го како причина Кипар и другите прашања, Европската комисија одлучува да не започнува разговори за пристап со Турција, истовремено потврдувајќи дека крајната цел е членството.

1995

Турција влегува во царински сојуз со Европската унија (ЕУ).

1999

Европскиот совет ја става Турција на еднакво рамниште со другите кандидатки за членство. Три години подоцна, советот вели дека разговорите за членство може да се отворат веднаш штом Турција ќе ги исполни Копенхашките политички критериуми.

2004

ЕУ постигнува договор за отпочнување на разговорите за пристап со Турција. Во октомври 2005 година преговорите започнуваат.

2006

Спорот во врска со проширувањето на царинскиот протокол на Турција со ЕУ и за Кипар води до одложување на осум поглавја од разговорите за пристап.

2007

Партијата на правдата и развојот победи на општите избори во Турција, обезбедувајќи мнозинство во парламентот и нанесувајќи й политички удар на секуларната опозиција, која предупреди за „исламизација“ на Турција. Абдула Ѓул стана претседател на Турција.

2008

Главниот обвинител на Истанбул подигна обвинение против редица претставници на воениот персонал, академици, новинари и политички фигури, за членување во тајна организација позната како Ергенекон. Групата е обвинета за планирање терористички акции во обид за дестабилизација на Турција и соборување на владата.

2009

Во историскиот договор, Турција и Ерменија ветија нормализирање на дипломатските врски и отворање на нивната заедничка граница.

2010

Парламентот одобри широки уставни амандмани и покрај силната реакција од опозицијата. Амандманите вклучуваат реструктуирање на судските институции, предизвикувајќи загриженост за независноста на судството. Опозицијата ги однесе амандманите пред Уставниот суд за поништување.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Home Regular Site Одрекување За нас