20/11/2009
Србија ќе добие заем за државниот буџет од Светската банка. Исто така во бизнис вестите: Албанија ги доби договорите за концесија за осум електроцентрали и подстаница од 400/110 киловати е отворена во Исток, Косово.
Одборот на директори на Светската банкаодобри заем од 134 милиони евра за Србијa во вторникот (17-ти ноември), рече министерот за економија Млаѓан Динкиќ. Финансирањето е дел од финансискиот пакет во висина од 268 милиони евра, за кој беше постигната согласност на неодамнешниот самит на Светската банка и ММФ, со цел да ѝ се помогне на Србија да го заокружи буџетот за 2009 и 2010 година. Парите ќе бидат наменети за намалување на јавната администрација и подобрување на бизнис климата во Србија.
***
Aлбанската влада додели осум концесии за почеток на изградбата на осум хидроцентрали во средата (18-ти ноември). Овој нов бран проекти го заокружува бројот на ваквите капацитети на 50. Вкупните инвестиции во трите централи ја надминуваат сумата од 200 милиони евра.
***
Подстаница од 400/110 киловати беше отворена во вторникот (17-ти ноември) во Исток. Електростаницата ќе произведува струја за индустриските потреби во западно и централно Косовo. Проектот од 23,3 милиони евра беше финансиран од Германската банка за развој и косовската влада.
***
Првиот балкански форум на алтернативниот туризам се одржа во саботата (14-ти ноември) и неделата во Скопје и Берово. Претставници од Maкедонијa, Бугарија, Косово, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србијa се согласија дека треба да се формира група за алтернативен туризам, која ќе се справи со проблемите во секторот, ќе го охрабри туризмот преку образованието, промовирањето и работењето на меѓународни проекти.
***
РВЕ и српската влада потпишаа меморандум за разбирање во врска со изградбата на хидроцентрали во Србија, објави во понеделникот (16-ти ноември) германското претпријатие. Првиот чекор вклучува изградба на централа со вкупен капацитето д 3.000 мегавати. Фирмата ќе испита три потенцијални места -- на реките Дунав, Морава и Дрина.
(Разни извори – 13/11/09-20/11/09)