10/06/2009
Албанија му оддаде почит на италијанскиот пејач Ал Бано со наградата „Мајка Тереза“. Исто така во вестите од културата: романска тенисерка победи во конкуренција на двојки на Француското отворено првенство 2009, и Приштина ја одбележа 10-годишнината од трупите на НАТО во Косово.
SOURCE
Италијанскиот пејач Албано Каризи, познат како Ал Бано, ја прими албанската награда „Мајка Тереза“ во понеделникот (8-ми јуни). Ал Бано е награден за промовирање на вредностите на хуманоста и слободата преку неговата музика. Претседателот Бамир Топи, исто така, му додели статуетка Ал Бано, во знак на албанското пријателство.
***
Романската тенисерка Елена Богдан, заедно со Тајланѓанката Таи Нопаван Лертчевакарн, победи во финалето на Женските двојки на Француското отворено првенство 2009, на Роланд Гарос, во саботата (6-ти јуни). Богдан и Лертчевакарн победија во финалето со 3:6, 6:3 и 10:8, против Тимеа Бобос од Унгарија и Хедер Вотсон од Велика Британија.
***
Приштинa ќе биде домаќин на првото издание на Фестивалот на слободата, по повод одбележувањето на 10-тата годишнина од распоредувањето на трупите на НАТО во петок (12-ти јуни) и сабота. Различни локални и меѓународни групи ќе настапат во предградијата на главниот град, меѓу кои и Метод мен и Редмен, Занзил од Јужна Африка, Спасулати бенд од Италија, ГусГус од Исланд и британскиот Банко де Гаја.
***
Maкедонскиот актер Никола Ристановски и режисерот Александар Поповски ги освоија главните награди на Театарскиот фестивал што се одржа меѓу 23-ти мај и петокот (5-ти јуни) во Нови Сад. Ристановски беше прогласен за најдобар актер за улогата на Ахмет Нуредин во претставата „Дервишот и смртта“. Поповски беше награден за неговото дело „Кандид или оптимизам“.
***
Магдалена Џанаварова (21) победи на третото издание од бугарскиот натпревар за пејачки таленти Музички идол, во понеделникот (8-ми јуни). Во финалето таа го победи Бојан Стојков, од Битола, Maкедонијa.
(Разни извори – 03/06/09-10/06/09)