Бизнис: Српскиот ЈАТ Ервејс ќе започне со редовни летови за БиХ

09/11/2007

JАТ Ервејс ќе лета од Белград до Бања Лука трипати неделно, додека во декември ќе биде додаден и четврт лет. Исто така оваа недела: Грција и Турција планираат да изградат гасовод за природен гас што ќе ги поврзува Азија и Европа.

Српскиот национален авиопревозник, ЈАТ Ервејс, објави редовни летови од Белград за Бања Лука, почнувајќи од петокот (9-ти ноември). Српскиот министер без портфолио, Драган Ѓилас, и министерот за транспорт на Република Српска, Недељко Чубриловиќ, рече дека тие се надеваат оти новата рута ќе ја зајакне економската соработка помеѓу Србија и БиХ.

***

Грција и Tурција планираат да започнат со изградба на гасовод долг 285 километри на 18-ти ноември, кој ќе пренесува природен гас од Азербејџан за Европа. Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган и неговиот грчки колега, Костас Караманлис, ќе присуствуваат на церемонијата на отворање.

***

Малопродажната група „Керфор“ планира да изгради 20 хипермаркети во Бугаријa до крајот на 2014 година. Во Софија претпријатието ќе инвестира околу 200 милиони евра во изградбата на комплекс со мешана употреба, вклучително и комерцијални области, бизнис канцеларии и забавни места.

***

Меѓународен саем за туризам и угостителство беше отворен во средата (7-ми ноември) во Пореч, Хрватскa. На изложбата Промохотел 2007 ќе учествуваат околу 150 туристички работници и угостители, како и производители на мебел и друг внатрешен дизајн од Хрватска, Италија, Словенија, Унгарија, Германија, Австрија и Србијa.

***

Федерацијата на Босна и Херцеговина и Република Српскa објавија план за инвестирање 40 милиони евра во изградбата на нова хидроцентрала. Објектот ќе има капацитет од 40 мегавати.

(Разни извори – 02/11/07-09/11/07)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Home Regular Site Одрекување За нас