Наука и технологија: Бугарија, Австрија и Романија потпишаа меморандум за научната соработка

03/09/2007

Трите членки на ЕУ потпишаа договор за зголемена соработка. Исто така оваа недела: грчките археолози открија антички премин, и претпријатие од Бања Лука почна со изградба на фабрика за биодизел.

Бугарскиот министер за образование и наука, Даниел Вулчев, потпиша трилатерален меморандум за научно истражување и соработка со Австрија и Романија. Прв договор од ваков вид помеѓу земјите-членки на ЕУ, потпишувањето беше направено на технолошката конференција во Австрија.

***

Maкедонијa го намали ДДВ на компјутерската опрема, софтверот и соларните колектори од 18 на 5 отсто. Според премиерот Никола Груевски, владата можеше да го стори тоа поради економската стабилност во земјата.

***

Aрхеолозите во Грција открија таен подземен коридор кој води до праисториската тврдина Мидеа. Тие веруваат дека преминот, кој датира од 13-тиот век п.н.е. се користел за снабдување на местото со вода во време на опасност. Досега се откриени само три премини од Бронзеното време од овој вид.

***

Aлбанските жени ќе можат да добиваат бесплатен преглед за рак на дојка во сите болнички центри во Тирана и во четирите големи градови почнувајќи од овој месец. Иницијативата е спонзорирана од италијанската влада, како дел од иницијативата ЕК Интерег III.

***

Хрватскиот министер за култура, Божо Бискупиќ, и министерот за одбрана, Берислав Рончевиќ, во вторникот (29-ти август) потпишаа договор кој ќе му овозможи на Министерството за култура да користи армиски брод за подземна археологија. Договорот ќе го унапреди истражувањето и обуката, ќе ги олесни подземните реставрациски работи и ќе овозможи подлабоко истражување во заштитените природни ресурси на Јадранот, рече Бискупиќ.

***

Претпријатието од Бања Лука „Систем екологика“ во понеделникот (27-ми август) објави дека отпочна со изградбата на фабрика за биодизел. Проектот ќе чини 7,5 милиони евра и ќе му овозможи на претпријатието да произведува 60 тони биодизел дневно за домашниот пазар во Босна и Херцеговинa.

(Разни извори -- 27/08/07-03/09/07)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Home Regular Site Одрекување За нас