Црногорскиот амбасадор во ЕУ изјави: Договорите за визите се очекуваат во септември

14/08/2007

ЕУ планира да потпише договори со земјите од Западен Балкан, по состанокот на Советот за правда, слободи и безбедност следниот месец.

Западнобалканските земји може да очекуваат потпишување на договорите за реадмисија и укинување на визите со ЕУ во септември, изјави црногорската aмбасадорка во ЕУ, Славица Милачиќ. Таа рече дека блокот сака да ги потпише договорите по состанокот на Советот за правда, слободи и безбедност, на 18-ти септемви. Договорите, вели таа, ќе претставуваат важен чекор на патот кон воспоставувањето бесцарински режим помеѓу земјите во регионот и во ЕУ.

***

Поранешниот хрватски министер за надворешни работи, Фране Винко Голем, почина во неделата (12-ти август) по долго боледување. Член на владејачката Хрватска демократска заедница, тој беше највисок дипломат на земјата во 1990 и 1991 година. Тој беше акредитиран како хрватски претставник во Вашингтон и почесен граѓанин на Лос Анџелес.

***

Полска делегација, предводена од министерот за одбрана, Александар Шчигло, го посети Министерството за одбрана на Босна и Херцеговина. Делегацијата беше примена од помошник-министерот за одбрана, Игор Чермак, како и од други функционери.

***

Српското Министерство за надворешни работи го критикуваше <b>албанскиот</b> претседател Бамир Топи за неговата поддршка на независноста на Косово, нарекувајќи ги неговите изјави „неприфатливи“. Топи се состана со косовскиот претседател во посета на земјата, Фатмир Сејдиу, минатата недела и рече дека Приштина и Тирана имаат идентични позиции за иднината на покраината. „Ваквите изјави се причина за ниското ниво на односите“ помеѓу Албанија и Србија, се вели во телеграмата на министерството до Топи.

***

Американскиот Стејт департмент ги повика Косовo и Србијa да соработуваат со Контакт-групата за време на новата рунда разговори за статусот на Косово. „Ова е комплицирано прашање ... кое предизвикува силни емоции на двете страни“, рече портпаролот Том Кејси. Тој ја потврди поддршката на Вашингтон за надгледуваната независност -- како што предложи поранешниот американски претставник Марти Ахтисари -- како најдобро решение за Косово.

***

Израелскиот нерезидентен амбасадор во Босна и Херцеговинa (БиХ), Амира Арнон, се состана со премиерот на Република Српска Милорад Додик во петокот (10-ти август). Ова беше прва посета на Арнон на земјата. Додик го информираше амбасадорот за политичката ситуацијата во БиХ, процесот на уставните реформи, кандидатурата на земјата за интеграција во ЕУ и планираните реформи во полицијата. Двајцата, исто така, разговараа околу можностите за економска соработка помеѓу БиХ и Израел.

(Разни извори – 07/08/07-14/08/07)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Home Regular Site Одрекување За нас