Хрватската влада критикувана за сослушувањето на основачот на групата противници на Санадер на Фејсбук

02/12/2008

ЗАГРЕБ, Хрватска -- Опозицијата во понеделникот (1-ви декември) го обвини премиерот Иво Санадер дека ги поддржува прекршувањата на човековите права откако полиција сослуша еден млад човек кој формираше група противници на Санадер на онлајн социјалната мрежа Фејсбук. Никша Клечак (22 годишен) ја нарече својата група „Се обложувам дека можам да најдам 5.000 луѓе кои не го сакаат Санадер“. Полицијата вели дека сослушувањето било поради фотомонтажата на Санадер во нацистичка униформа. Хрватските закони забрануваат нацистички симболи. Клечак беше ослободен дури откако докажа дека тој не ја поставил фотографијата. Водачот на опозициската Социјалдемократска партија, Зоран Милановиќ, рече дека случајот претставува „опасен преседан“ кој ја загрозува слободната на изразувањето. (Вечерњи лист, АП, Јавно - 01/12/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Home Regular Site Одрекување За нас