Tурција притвори уште четворица осомничени членови на Ергенекон

27/10/2008

AНКАРА, Турција -- Полицијата во неделата (26-ти октомври) притвори уште четири лица осомничени дека й припаѓале на сепаратистичката група Ергенекон. Сите четворица работеле за телевизискиот канал Каналтурк, жесток противник на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) до пред извесно време оваа година, кога истиот го купи група што ја поддржува АКП, според извештаите на локалните медиуми. Основач на Каналтурк е Тунчај Озкан, кого полицијата го притвори минатиот месец во операцијата Ергенекон. Судењето на 86 осомничени членови на Ергенекон беше отворено минатата недела. Меѓу обвинетите се и пензионирани армиски офицери, левичарски политичари, членови на секуларни здруженија, новинари и академици кои се познати како противници на АКП. Сите се соочуваат со обвиненија за формирање нелегална организација која планирала да поттикне хаос и неред, за да предизвика државен удар. (СНН Турк, НТВ, новинска агенција Анадолу, Хуријет, Заман - 26/10/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Home Regular Site Одрекување За нас