Ердоган започна „специјална летна дипломатија“

14/07/2005

АНКАРА, Турција -- Премиерот Реџеп Тајип Ердоган во средата (13-ти јули) изјави дека започнал „специјална летна дипломатија“, која има за цел зајакнување на односите на Турција со другите земји. В недела тој планира да ја започне дводневната посета на Русија, каде што се очекува да се состане со претседателот Владимир Путин во туристичкиот центар на Црното Море, Сочи, на разговори за билатералните односи, како и за меѓународниот и регионалниот развој. На покана на Ердоган, сирискиот претседател Башар Асад и грчкиот премиер Костас Караманлис планираат да го поминат својот одмор во Турција.

Во другите вести, италијанскиот министер за надворешни работи, Џанфранко Фини, во средата се состана со Ердоган и со други официјални претставници во Анкара, при што ја потврди поддршката на Италија за членството на Турција во ЕУ. (Заман - 14/07/05; AП - 13/07/05)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Home Regular Site Одрекување За нас