УНДП го презентираше Истажувањето за стрелачкото и лесното оружје во БиХ

08/09/2004

САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Канцеларијата на УНДП во БиХ во вторникот (7-ми септември) ги презентираше резултатите од Истражувањето за стрелачкото и лесното оружје. Според овој документ, вкупно 353.000 парчиња оружје моментално се регистрирани во сопственост на цивили: околу 200.000 во Република Српска, 144. 500 во Федерацијата на БиХ, а 8.500 во областа Брчко. УНДП, исто така, истакна дека вооружените сили на БиХ имаат повеќе од 350.000 парчиња вишок на оружје, кое непотребно зафаќа место за складирање и повлекува трошоци за одржување.

Во другите вести, претседателот на Светската банка, Џејмс Д. Волфенсон, во вторникот го посети Сараево, каде што на официјалните претставници им соопшти дека банката ќе продолжи со поддршката на БиХ и развојните проекти таму. Тој, исто така, ја истакна важноста на воспоставувањето на конкурентно бизнис окружување во БиХ, на нејзиниот пат кон интеграција во ЕУ. (Независне новине - 08/09/04; Веб-страница на УНДП, ФЕНА, ПБС БиХ - 07/09/04)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Home Regular Site Одрекување За нас