16/10/2003
АТИНА, Грција -- Министерот за економија и финансии, Никос Христодулакис, во средата (15-ти октомври) изјави дека Грција целосно ги поддржува проектите за пан-европска мрежа во секторите на енергијата и телекомуникациите. Тој објасни дека овие проекти се од огромно значеoе во Јужна Европа, каде што мрежите во овие сектори се неразвиени. Христодулакис додаде дека Грција ќе ги промовира новите програми за малите и средните претпријатија на претстојниот неформален состанок на пан-европските мрежи. (AНA - 15/10/03)