03/11/2009
Џез-концертот и изложбата на делата на славниот уметник Салвадор Дали привлекоа многу народ во македонскиот главен град.
Од Марина Стојановска за Southeast European Times во Скопје —03/11/09
На Скопскиот џез-фестивал 2009, кој се одржа од 22-ри до 26-ти октомври, настапи џез-триото на пијанистот Чик Кореа, бас-гитарирот Стенли Кларк и тапанарот Лени Вајт. Триото ја импресионира публиката за време на тричасовното финале на 28-мото издание на фестивалот.
Овогодинешниот настап беше втор на Кореа на овој настан. Тој свиреше самостојно на својот прв концерт на фестивалот.
Фестивалот беше отворен со концерт на македонско-италијанското трио „Скопје конекшн“ во Домот на армијата. Втората вечер, насловена како „Жените во џезот“, беше посветена на јапонските пијанистки Аки Такасе и Мерилин Мазур -- познато како „Перкашн квин“, а третата вечер беше резервирана за американските гости како што е њујоршкиот Џејмс Картер квинтет.
Перкусионостот Зоран Маџиров, триото Тони Китаноски и младиот бразилски гитарист Чико Пинеиро, настапија во клубот „Хард рок“.
За рокерите, легендарната група ЗЗ Топ настапи на 22-ри октомври во салата „Борис Трајковски“. Долгобрадите рокери се на музичката сцена околу 40 години.
Вљубениците во уметноста не беа лишени од истата оваа есен. Спектакуларната изложба насловена како „Божествена комедија“, која се состоеше од 100 литографии, 15 графики и насликана керамика на ексцентричниот шпански уметник Салвадор Дали, беше отворена во скопскиот Музеј на современа уметност.
Колекцијата му припаѓа на чешкиот сопственик на галерија Зденек Коницек. Секој артефакт го носи потписот на Дали и затоа се третира како оригинал.
Првиот ден од изложбата привлече рекорден број посетители -- 1.200 -- што ја рефлектираше гладта на Скопје за вакви културни задоволства.
Влезот беше бесплатен, за да се овозможи максимален број посетители да ги видат делата на мајсторот на надреализмот од 20-тиот век.