Во Белград продолжи судскиот процес за атентатот на Ѓинfиќ

22/04/2004

Шефот на обезбедуваoето на Зоран Ѓинfиќ сведочеше во судскиот процес против неговите осомничени атентатори, изјавувајќи пред белградскиот Специјален суд дека полицијата знаела дека се подготвува заговор долго време пред нападот.

Од Давор Коoикушиќ за Southeast European Times во Белград - 22/04/04

Судскиот процес против осомничените атентатори на српскиот премиер Зоран Ѓинfиќ продолжи во Специјалниот суд во Белград. Едно од главните случуваoа досега беше сведочеoето на шефот на обезбедуваoето на Ѓинfиќ, Милан Веруовиќ, кој за судот во вторникот (20-ти април) изјави дека српската полиција знаела за планот за убиство на премиерот долго пред извршуваoето на нападот.

Веруовиќ, кој беше ранет при пукаoето, индиректно ги обвини поранешните високи полициски власти дека не ги зајакнале соодветно мерките за заштита на Ѓинfиќ, дури и по претходниот обид за негово убиство.

Обвинителите го обвинија Звездан Јовановиќ, заменик-командантот на единицата за специјални операции во тоа време, за самото пукаoе. Како втора фаза на судскиот процес што е во тек, беше прочитана изјава од еден од обвинетите, Душан Крсмановиќ. Крсмановиќ рече дека тој се наоfал близу до зградата на српската Влада на 12-ти март 2003 година, кога слушнал два истрели, и дека другиот осомничен, Нинослав Константиновиќ, подоцна му кажал дека Јовановиќ ги испукал тие куршуми.

Судскиот процес беше делумно фрлен во сенка поради контроверзните коментари од страна на новиот министер за внатрешни работи, Драган Јоциќ, кој изгледа дека во интервјуто на 10-ти април предложил започнуваoе на нова полициска истрага за убиството.

Јоциќ подоцна рекол дека неговите коментари за белградскиот дневен весник Блиц биле сензационализирани и дека нема да биде отворен нов судски процес.

Според поранешниот заменик-министер за полиција, Ненад Милиќ, нова истрага, најверојатно, не би открила ништо ново. "Постојат многу различни толкуваoа во јавноста, но сметам дека тие се сосема неосновани. Материјалниот доказ пронајден на местото на настанот, пред српската Влада и локацијата од каде што се испукани истрелите, покажува дека се работи само за еден снајперист", рече Милиќ.

Адвокатот на семејството Ѓинfиќ, Рајко Даниловиќ, рече дека е неопходна нова истрага поради "сите факти кои покажуваат кој го организирал и спровел атентатот". Даниловиќ рече дека сé уште не се знае кој го наредил убиството и дека сите понатамошни истражни напори би биле насочени кон ова прашаoе, наместо кој започнуваoе од почеток.

"Се знае дека земунскиот клан, составен од криминалното крило на Црвените беретки, не би можел да го изврши убиството врз Ѓинfиќ ако не уживал поддршка од страна на одредени моќни политичари. Ако истрагата се придвижи во таа насока, тоа ќе биде мошне корисно и тоа е она што жртвите го бараат", рече Даниловиќ.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Home Regular Site Одрекување За нас