09/12/2003
Аналитичарите велат дека тероризмот во Грција има корени во социјализмот и во политичката околина од тоа време.
Од Димитрис Аграфиотис за Southeast European Times во Атина - 09/12/03
Седумгодишната грчка воена хунта -- помеfу 1967 и 1974 година -- претставуваше период на радикализација на делови од грчката младина, кој беше одговорен за поттикнуваoе на "револуционерни" пристапи во однос на политичките прилики по хунтата. Реакцијата на грчкото општество спрема ултрадесничарските диктатори имаше различни аспекти. Таа вклучи обновуваoе на старите политички конфронтации, општи немири, тенденција кон насилничка реакција против тоталитарниот режим. Тоа беше период кога политичките групи, без разлика на ориентацијата, се решија за вооружена борба.
И покрај тоа што падот на диктатурата во 1974 година водеше кон уставотворен демократски режим, некои од радикалните групи одлучија да продолжат со борбата против новоформираниот политички систем.
Грчкиот тероризам води потекло уште од 1960 година во Франција, каде што грчките студенти заклучија дека единствен начин да се борат против диктаторите е преку вооружена борба. По падот на воената хунта, некои од овие лица одлучија да ја продолжат својата борба, врз основа на идеологија, која претставуваше нејасна и неорганизирана мешавина на троцкистички, маоистички, ленинистички, марксистички и геваристички идеали.
Во 1974 и 1975 година во Грција се појави тероризмот. Домашната политичка ситуација и симпатиите за реториката на левицата во рамките на грчкото општество беа основните причини за одлуката на терористите за отпочнуваoе со убиства.
Трансформацијата на левичарските групи во терористички организации не беше едноставен процес. Различните идеолошки франкции и нивните несогласуваoа доведоа до поделби во револуционерното движеoе. ЕЛА и "17-ти Ноември" беа главните столбови кои привлекуваа кадри од револуционерната левица. И покрај тоа што двете организации почиваа врз слични идеолошки основи, нивните пристапи кон тероризмот беа различни и тоа доведе до нивно разидуваoе.
Александрос Јотопулос, наводниот водач на "17-ти Ноември", беше поборник за "конспиративна вооружена група" која ќе удри врз фундаменталните елементи на социјалниот, политичкиот и економскиот живот во Грција. Главната каракеристика на овој вид организација е малиот број членови, избираoето на цели од посебна важност и избегнуваoето на масовни жртви. По темелното проучуваoе на нападите на "17-ти Ноември", стана јасно дека целите претставувале некој социо-политичкиот статус, спротивен на идеологијата на терористите.
Главни терористички напади на "17-ти Ноември"
-23/12/75: Атентат врз американскиот владин претставник во Атина, Ричард Велч
-14/12/76: Атентат врз поранешен полицаец, Евангелос Малиос.
-16/1/80: Атентат врз заменик-командантот на полицијата, Пантелис Петру, и неговиот возач, Сотирис Стамулис.
-15/11/83: Атентат врз американскиот поморски капетан, ЏорY Цантес, и неговиот возач, Никос Велуцос.
-3/4/84: Обид за убиство на американски војник, наредник Роберт Чанд.
-21/2/85: Атентат врз еден уредник, Никос Момфератос, и неговиот возач, Панајотис Русетис.
-26/11/85: Бомбашки напад на полициски автобус, при што еден полицаец загина, а 25 лица беа ранети.
-8/4/86: Атентат врз индустријалецот Димитрис Агелопулос.
-24/4/87: Бомбашки напад врз автобус на Американското воздухопловство, проследен со 17 повредени американски војници.
-1/3/88: Атентат врз индустријалецот Александрос Атанасиадис - Бодосакис
-29/6/88: Бомбашки напад врз поморскиот аташе на Американската амбасада, капетан Вилијам Норден.
-10/1/89: Јавниот обвинител Костантинос Анадроsдакис беше тешко повреден и почина неколку дена подоцна.
-18/1/89: Судијата Панајотис Тарасулеас беше поврден во нозете.
-8/5/89: Обид за убиство на поранешниот министер за јавен ред, Јоргос Пецос.
-16/9/89: Атентат врз заменик-претседателот на Нова демократија, Павлос Бакојанис.
-25/12/89: "17-ти Ноември" набави голем број противтенковски проектили од воениот камп Сикурио од Лариса.
-20/11/90: Обид за убиство на Вардис Вардинојанис со три проектили.
-16/12/90: Два проектили беа испукани врз канцеларијата на ЕЕК.
-12/3/91: Убиство на еден американски војник, наредник Роналд Стјуард.
-16/7/91: Убиство на турскиот дипломат, Денис Булукбаши.
-7/10/91: Атентат врз помошник-аташето за односи со јавноста на Турската амбасада во Атина, Цетин Горку.
-2/11/91: Напад со проектил на полициски автобус. Еден полицаец загина, а 6 беа повредени.
-14/7/92: Напад со проектил на автомобилот на министерот за финансии, Јанис Палаокраса. Загина студентот Танос Аксарлијан.
-21/12/1992: Обид за убиство на заменик-претседателот на Нова демократија, Л. Пападимитриу.
-24/1/1994: Атентат врз поранешниот генерален директор на грчката Националната банка, Михалис Вранопулос.
-4/7/1994: Атентат врз турскиот дипломат Омер Сипаоглу.
-15/2/1996: Напад со проектил врз Американската амбасада во Атина.
-28/5/1997: Убиство на сопственикот на брод Костас Перакос во Пиреа.
-16/5/1999: Напад со проектил врз резиденцијата на германскиот амбасадор во Атина.
-8/6/2000: Aтентат врз британскиот воен аташе, бригадниот генерал Стивен Саундерс.